27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД го укина безвизниот режим за 38 земји

САД го укина безвизниот режим за 38 земји

us 0303

Соединетите Американски Држави ги заострија ограничувањата за влез во земјата за државјани од 38 земји, кои досега влегуваа без визи.

Ова е втора значајна мерка во врска со безбедноста што Конгресот ја усвојува по нападите во Париз на 13 ноември.

Од 38-те земји, 30 се европски, меѓу кои и Белгија и Франција, на чии државјани не им требаа визи за САД, но се најдоа на оваа листа бидејќи најголем дел од терористите во Париз се токму од овие две земји.

Според усвоената мерка, визи за влез во САД им се потребни на сите што изминативе пет години биле во Ирак или Сирија.

Постојаниот претставник на ЕУ во САД Дејвид О‘ Саливен се закани со реципрочна мерка, и побара наместо ограничувања, Вашингтон да ги вклучи и преостанатите пет земји членки на Унијата во безвизниот режим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП