5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПанасоник сепак ќе продолжи со производството на плазма телевизорите

Панасоник сепак ќе продолжи со производството на плазма телевизорите

panasonic1

По гласините дека Панасоник ќе престане да ги произведува плазма телевизорите, се огласија неговите лидери.

Претседателот на Панасоник, Казухиро Тсуга одлучи да одговори на гласините за производство на HDTV плазма телевизорите, кои кружеа на интернет во последниот месец.

Тсуга службено објави дека компанијата ќе остане во тој бизнис, и вооедно го претстави својот три-годишен план кој на компанијата ќе и овозможи раст на приходите.

Според тој план, Панасоник ќе се фокусира на батериите и забавниот систем за автомобилите, како и на системот за еколошка нискоенергетска куќа, и ќе им даде поголема автономија на другите сектори, за да управуваат со своите производи од развојот до пристигнувањето на пазарот.

Оделот за изработка на HDTV плазма телевизорите останува и понатака активен, а Тсуга изјави дека откажувањето од него би било можно решение доколку не постои друго.

Иако многумина аналитичари сметаат дека во Панасоник ќе дојде до нови отпуштања на вработените, Тсуга тоа не го спомена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП