25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти и Бекам уште една година во ПСЖ

Анчелоти и Бекам уште една година во ПСЖ

bekam anceloti

Карло Анчелоти ќе го води тимот на ПСЖ и во следната сезона, потврди претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи. На овој начин тој одговори на бројните пораки од фановите кои на тренерската позиција на тимот ги посакуваат Жозе Мурињо или Арсен Венгер.

„Не разбираме зошто сите се заинтересирани за иднината на Анчелоти. Јас сум уверен 100 проценти дека тој ќе остане во тимот. Карло има договор со клубот за уште една година. Приказните за можно доаѓање на Мурињо или Венгер не се ништо повеќе од шпекулации“, изјави Ал-Хелаифи.

Тој исто така додаде дека има намера да го задржи во тимот за уште една сезона и ветеранот Дејвид Бекам. Англичанецот во јануари склучи петмесечен договор со ПСЖ.

„Дејвид е многу среќен во Париз, и тој исто така сака да остане кај нас уште една сезона. Како човек, играч и амбасадор на клубот Бекам е одличен избор. Тој создаде прекрасна атмосфера во екипата и сите го обожаваат “, додал Катарскиот мултимилионер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП