13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо понеделник прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање

Во понеделник прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање

patista 340493

Во понеделник, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – село Врбјани, поради изведување работи на пат, минирање, во периодот од  12.30 – 14.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

Во сабота, сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2016-та година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП