18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот Конгрес ја одобри реформата на ММФ по повеќегодишна блокада

Американскиот Конгрес ја одобри реформата на ММФ по повеќегодишна блокада

mmf38

Американскиот Конгрес ја одобри во петокот сеопфатната реформа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која го зголемува влијанието на земјите со економии во остар подем и којашто веќе низа години зависеше од американското „зелено светло“.

Станува збор за реформа којашто во 2010 година ја прифатија 188 земји членки на Меѓународниот монетарен фонд на врвот од финансиската криза, која ќе овозможи и двојно да се зголемат постојаните приходи на ММФ (квотите) кои отсега ќе изнесуваат околу 660 милијарди долари.

Реформата којашто на сила требаше да стапи на крајот од 2012 година ила оневозможена практично со ветото на американскиот Конгрес кој предизвика зголемено незадоволство на земјите со брзорастечките економии и на самиот ММФ кој негодуваше поради „ударот врз неговото реноме“.

Со американското одобрување на реформите донекаде ќе се распределат улогите во управниот одбор на ММФ, управното тело коешто одлучува за програмите на финансиската помош, каде што поголемо влијание ќе добијат земјите со брзорастечките економии, на штета на западните сили. Одобрувајќи ја реформата, Конгресот, сепак, најави дека ќе ја зајакне контролата над заемите кои ги одобрува Фондот и над работата на оваа институција.

„Четирите земји со брзорастечки економии *Бразил, Кина, Индија и Русија), ќе бидат меѓу десетте најголеми членки на ММФ. Топ-10 членки, исто така, ги вклучуваат и САД и Јапонија и четирите најголеми европски земји (Франција, Германија, Италија и Велика Британија)“, се вели во писмената изјава на челничката на ММФ, Кристин Лагард, дадена откако беше познато решението на Конгресот на САД.

„Европските земји преземаа обврска да ја намалат нивната заедничка застапеност во бордот“, се прецизира во изјавата на Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП