Последниот ден од трговската недела го одбележаа четири блок трансакции со акциите на Скопски Пазар преку кои се истргуваа вкупно 1.606 акции по цена од 8.000 денари во вкупен износ од 12,8 милиони денари.
Покрај блоковите со акциите на оваа компанија, денот го одбележа и тргувањето со акциите на Македонија Турист АД Скопје каде беше остварен промет од преку 16 милиони денари. На самиот старт на тргувањето помина количина од 4.273 акции по цена од 3.750 денари за акција.
Обврзниците за денационализација денес комплетно изостанаа од дневната листа. На листата на добитници се најдоа акциите на Емо Охрид со раст од 7,14% и акцијата ТТК Банка со раст од 2,29%. На спротивната листа со пад од 3% прва се најде акцијата на Фершпед Скопје, следена од акцијата на Прилепска Пиварница со пад од 2,88%.
На сајтот на МСЕ денес беше објавена информација за извршената редовна ревизија на индексите МБИ-10 и ОМБ од страна на Комисијата за берзански индекс.