4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог за зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Предлог за зголемување на примањата на судиите и обвинителите

sudii 3305

Министерството за правда достави до Собранието Предлог-закон за дополнување на Законот за платите на судиите и на јавните обвинители, според кој надоместоците за прекувремена работа на судиите и обвинителите, како и работата на празници ќе се зголемат за 35, односно за 50 отсто.

Покрај додатоците за прекувремена работа и празнична работа во предлогот се предвидени и додатоци за посебни услови за работа и постоење висок ризик и доверливост. Вкупниот износ на висината на овие дополнителни додатоци не може да изнесуваат повеќе од 35 отсто од основната плата на судијата.

„Основната суштина за предлог-дополнувањата на Законот се минималните принципи врз кои треба да се гради основата за владеењето на правото и независноста на судството и судиите да добиваат плати соодветни на статусот, достоинството и одговорноста на функцијата што ја вршат“, наведува предлагачот на законот, Министерството за правда.

Истите измени се предлагаат и за обвинителите. За спроведување на овој закон за платите на обвинителите ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот во износ од 20.000.000 денари на годишно ниво.

„Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители се очекува да се зајакне самостојноста на јавното обвинителство и да се отстранат недостатоците во постојниот закон“, се вели во Предлог-законот.

Се предлага измените да се донесат по скратена постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП