2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина објави мораториум на три млрд долари долг кон Русија

Украина објави мораториум на три млрд долари долг кон Русија

ukraina

Украина денес објави дека нема да ѝ ги плати на Русија повеќе од трите милијарди долг кои доспеваат за наплата овој викенд, заострувајќи го спорот со Москва која се закани дека случајот ќе го пријават на меѓународните судови.

„Украинската влада воведува мораториум на враќањето на таканаречениот долг кон Русија“, изјавил на седницата на украинската влада премеирот Арсениј Јаценјук.

„Од денеска ги запираме враќањето на долгот“, додал украинскиот премиер, потврдувајќи дека Киев нема да го исплати износот од долгот по обврзници кои доспеваат за наплата во недела, пренесува AFP.

Исто така, најавил дека мораториум ќе биде ставен 507 милиони долари кои две украински компании ги имаат кон руските банки.

Од понеделник започнува да тече рокот од 10 дена во кој Киев мора да го плати доспеаниот долг за да се избегне официјално да се огласи неизвршување на финансиските обврски.

Москва и Киев се спорат околу три милијарди долари кредит кој Русија го одобри за владата на претседателот Виктор Јанукович во декември 2013 година, кој потоа беше соборен со безредијата поддржани од Западот.

Властите во Киев, кои се во очајна финансиска состојба и поради судирите во југоисточните делови од земјата, тврдат дека не станува збор за кредит кој една држава ѝ го одобрила на друга, туку трансакција извршена преку финансискиот пазар и со тоа е подложна на финансиските услови договорени со другите кредитори. Киев во август постигна договор со кредиторите во приватниот сектор, вклучително и со гоелми банки и инвестициски фондови, за реструктуирање на долгот, кој меѓу другото предвидува отпис на 20 отсто од главнината.

Во Москва, пак, тврдат дека нејзиниот кредит за Украина не може да се смета за долг кон приватниот сектор и ги одби таквите услови.

„Русија ги одби напите предлози, и покрај нашиот повторен обид да потпишеме договор за реструктуриање. Уште еднаш нагласувам дека сме подготвени на правна постапка со руската страна“, рекол Јаценјук.

Меѓутоа, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во средата официјално потврди дека долгот на Украина кон Русија е официјален, а тоа значи, според правилата на ММФ, дека не може да биде реконструиран според истите услови како долговите кон приватните кредитори.

Од Киев на ова одговорија дека ја имаат предвид позицијата на ММФ, но сепак нема да бидат во можност да го исплатат долгот, без да се нарушат основните услови за заемот. Министерството за финансии на Украина, сепак, изрази подготвеност да преговара со Русија и натаму да преговара за реструктуирање на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП