24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПивоварна Лашко на работ од банкротот

Пивоварна Лашко на работ од банкротот

pivovarnalashko1

Управата на Пивоварна Лашко до крајот на месецот мора да се договори со банките за репрограмирање на поголем дел од своите кредити, инаку на претпријатието му се заканува стечај. Рокот за репрограмирање на кредитот истече, а конечен договор сè уште нема, пренесува порталот „Seebiz“.

Во соопштението на службата за стратешко комунцирање на Лашко се наведува дека Управата на групата Лашко во последно време со банкарските доверители интензивно преговарала за репрограмирање на кредитот. Тие велат дека преговорите за репрограмирање, кои за работењето на Пивоварна Лашко се исклучително важни, сè уште траат и не се договорени во целост.

Повеќе детали за текот на преговорите и условите на едната или на другата страна пред заклучувањето на договорот не можат да бидат откирени, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП