17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонституиран Одборот за акредитација и евалуација на високото образование

Конституиран Одборот за акредитација и евалуација на високото образование

fakultet

Конституиран Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, под чија надлежност е обезбедувањето и оценувањето на квалитетот на високото образование во Република Македонија.

Одборот е конституиран на седница одржана во петок, а за претседател на Одборот од страна на членовите е избран академик проф. д-р Горазд Росоклија.

Новиот состав брои 23 члена, од кои девет од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, соодветно на застапеноста на универзитетите според нивното учество во вкупниот број на прв пат запишани студенти во студиска година, два члена од Македонската академија на науките и уметностите, еден претставник на најрепрезентативното тело на работодавачите, два членa од интеруниверзитскиот парламент на студентите и девет члена именувани од Владата на Република Македонија, од кои најмалку шест се од редот на професорите на високообразовните установи.

„Одборот е самостоен во својата работа и во рамките на својата надлежност врз основа на принципот на стручност и компетентност: утврдува дали со проектот за основање на високообразовна установа и поднесената документација се исполнети условите за вршење на високообразовна дејност; одлучува за акредитација на научна установа која сака да врши високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус на студии; утврдува дали високообразовната установа ги исполнува условите за организирање на студии за нови студиски програми и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа; дава акредитација на студиски програми; најмногу на секои пет години го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручната работа, на академскиот кадар и на студиските програми на високообразовните установи и врз основа на оценката ја продолжува или одзема акредитацијата; врз основа на извештаите од надворешната евалуација на високообразовните установи, ја следи исполнетоста на условите на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и одобрение за почеток со работа и врз основа на тоа може да ја одземе акредитацијата; води евиденција за акредитираните високообразовни установи и за други акредитации; дава препораки потребни за подобрување на нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност и врши други работи утврдени согласно Законот за високото образование“, соопштуваат од Министерството за образование.

Членовите на Одборот имаат мандат во траење од четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП