4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатни лекови за сите деца во Шведска

Бесплатни лекови за сите деца во Шведска

STOCKHOLM, SWEDEN - APRIL 30:  Young girls wave Swedish flags during  the changing of the guard on H.M. King Carl XVI Gustaf of Swedens 60th birthday at the Stockholm Royal Palace on April 30, 2006 in Stockholm, Sweden.  (Photo by Chris Jackson/Getty Images)

Родителите во Шведска, по Нова година, нема да плаќаат за лековите не своите деца до 18 години, мерка предвидена со новиот закон за здравствена заштита.

Измените на Законот се донесени со цел да се намали нееднаквоста, а собранието гласаше за законот, со цел „да се овозможи здравствена заштита во еднакви можности за децата и да се намалат здравствените нееднаквости меѓу припадниците на различни социоекономски групи“.

Децата на доселениците, исто така ќе бидат корисници на овие поволности, како и децата на барателите на азил, кои нелегално престојуваат во земјата чекајќи документи.

Мерката да се намалат трошоците на родителите за лекови за децата е дел од повеќето реформи во здравството, меѓу кои и бесплатна мамографија, бесплатни контрацептиви за жени до 20 години и други.

Шведска се подготвува и да ја зголеми возрасната граница за бесплатен забар од 19 години на 23 години, мерка што треба да стапи на сила до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП