18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на милијардерки

Расте бројот на милијардерки

milijarderki 3350

Бројот на милијардерки расте побрзо во споредба со бројот на милијардери, но богатството е минливо со оглед дека само 44 отсто од милијардерите во 1995-та година опстанале до денес, покажува истражувањето на компаниите UBS и PwC.

Станува збор за „Променливите лица на милијардерите“, во кое се разгледува улогата на жената во изградбата на трајното финансиско наследство и начинот на кој се соочувува богатството преку повеќе генерации.

Бројот на милијардерки, како што се наведува во извештајот, расте повеќе од бројот на милијардери, зголемувајќи се 6,6 пати во последните две децении, додека кај мажите таа бројка е зголемена за 5,2 пати.

Притоа азиските бизнисменки се главни придвижувачки на таквиот тренд. Бројот на милијардерки во Азија во последната деценија е зголемен од 3 на 25. Во Европа бројот на милијардерки се зголемил од 21 на 57, а во САД од 37 на 63.

Во извештајот исто така се нагласува минливоста на големото богатство бидејќи само 126 милијарди од 1995 година односно само 44 отсто, го задржа тој статус до денес.

Но, оние кои опстанале значително го зголемиле своето богатство. Најзастапени сектори на кои се однесуваат две третини од вкупното богатство на милијардерите кои опстануваат е малопродажбата и стоките за широка потрошувачка, технологијата и финансиските услуги.

Во извештајот се наведува дека од 1995 година во светот имало 289 милијардери, но од таа група опстанале 126. Во истиот период настанале 1.221 нов милијардер, што значи дека во 2014 година имало 1.347 милијардери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП