20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонскиот агро бизнис треба да се развива со инвестиции во модернизација, иновации...

Македонскиот агро бизнис треба да се развива со инвестиции во модернизација, иновации и знаење

agroagro

Над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија- земјоделски производители, претпријатија од прехрамбено преработувачката дејност, откупни присуствуваа центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието, присуствуваа на Агро Бизнис Форумот, кој се одржа во петокот во Скопје.

Настанот, кој се одржа во организација на ПроКредит Банка, ги обедини сите клучни институции и организации во агро бизнис секторот.

Пораката беше едногласна-Македонскиот агро бизнис има голем потенцијал. За искористување на истиот потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење.

‘’Очекуваме дека Земјоделскиот Гарантен фонд, програмите за развој како ИПАРД 1 и ИПАРД 2 и поволностите за здружување во кооперативи ќе значат можност за окрупнување на македонските земјоделци, ќе придонесат за поинтензивна ивестициска активност за модернизација и развој на домашното производство.’’изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

‘’Јас верувам дека гарантниот механизам ќе го забрза развојот на земјоделството во Македонија и ќе донесе поголем просперитет за македонските агро бизнисмени. Како земјоделците се во можност да инвестираат во нови технологии , нивните приноси и приходи ќе се зголемат. Веруваме во одлични ефекти од оваа рамка, уште повеќе затоа што се реализира преку специјализирана банка како ПроКредит. Ги охрабрувам сите бизнисмени да се обратат до советниците за клиенти од ПроКредит Банка за финансиска поддршка преку гарантната шема.’’ изјави Џејмс Стајн, Директор на Мисијата на УСАИД.

Присутните потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, пристап до информации за нови технологии и форми на производство, практични искуства од кои може побрзо да се имплементираат иновации.

На настанот беа наградени иновативни практики спроведени од македонките бизниси.

Компанијата ЕКО ГРУП ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на органско овошје и зеленчук, развој на органски бренд на готов производ и грижа кон животната средина преку своите бизнис практики.

Компанијата БАЏО П-Т ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника и успешен пласман на странски пазари. Оваа технологија е единствена во Македонија и на Балканот.

Компанијата Бониер ДООЕЛ беше наградена за корисење на иновативна техника за ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделски поседи со авиони кои го прави на сопствените површини со житни култури и лозови насади, а истото како услуга го нуди и на здружени индивидуални земјоделци. Ова е значаен придонес кон здружување и окрупнување на земјоделието во Македонија.

Компанијата КОРО КОМПАНИ ДООЕЛ беше наградена како модерен бизнис кој што покажал развој на препознатлив македонски производ-чаеви, зачини и оцети, развој на бренд и извозни стратегии на повеќе од дванаесет странски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП