2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаседаваше Советот за национални инфраструктурни просторни податоци

Заседаваше Советот за национални инфраструктурни просторни податоци

влада-пада

Денес се одржа третата седница на Советот за национални инфраструктурни и просторни податоци, со која претседаваше вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, каде се сумираа постигнатите резулатати од работата на Советот за 2015 и дефинирани се наредните чекори за 2016 година.

Вицепремиерот Пешевски го истакна воспоставувањето на Националниот Геопортал во јуни годинава, којшто е електронска мета-база на просторни податоци, на кој може да се најдат мноштво корисни информации за речиси сите области на живеењето.

На Националниот Геопортал, сите членки на Советот, во кој моментално се вклучени 18 институции, поставуваат податоци од својот домен на работа.

Геопорталот ќе содржи информации за висина на објекти, површина на земјиште, квалитет на вода, пошуменост и квалитет на шуми, сите податоци за сите компании, како што се сопственост, индустрија, вработени и др., односно на едно место ќе се содржат голем број на информации од различни сфери на живеењето.

„Користејќи ги податоците од Националниот геопортал, институциите дополнително ќе ја подигнат ефикасноста и квалитетот на својата работа. На пример ако самите институции за одредени податоци морале да се обраќаат до 3-4 институции или повеќе, сега ќе ги добијат на геопорталот со само еден клик“, потенцираше Пешевски.

Вицепремиерот додаде дека континуирано се зголемува интересот за членство на институции или организации кои го препознаа значењето на националната инфраструктура на просторни податоци.

Откако ќе се донесат соодветни законски измени, веќе од наредната година, бројот на членови ќе се зголеми на 20, односно на постоечките, ќе се придружат Сојузот на стопански комори и Геолошкиот завод.

Во 2016 година, но и периодот кој следи потоа, Советот и членките на Советот ги очекува обемна и напорна работа: се продолжува со процесот на хармонизација на националното со европското законодавство, подигнување на свеста и разбирањето на визијата, концептите и придобивките од националаната инфраструктура на просторни податоци, како и на хармонизација и стандардизација на просторните податоци и услуги.

Со развојот на целиот процес во врска со националните инфраструктурни просторни податоци се очекува поедноставување на процесот на соодветното планирање, спроведување на политиката и следење, управувањето со ризиците, како и зачувувањето и искористувањето на ресурсите, побрз одговор на итни ситуации, подобрено планирање и управување со транспортот и врските, развој на голем број владини услуги засновани на интернет платформи кои се наменети за граѓаните, особено преку е-Влада, како и за прекуграничната соработка со соседните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП