5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија во поддршка на македонската литература и поттикнување на читањето

ЕВН Македонија во поддршка на македонската литература и поттикнување на читањето

citanje 3445

Под мотото „Имаме приказна да раскажеме“, ЕВН Македонија во Битола во основното училиште „Коле Канински“ го реализираше завршниот настан од кампањата за подигнување на читачката култура кај младата публика.

Битолчани донираа книги во малите бесплатни библиотеки кои националната библиотека „Св. Климент Охридски“ ги постави на две локации во градот и имаа можност да го проследат перформансот на цртање на графит на тема „Имаме приказна да раскажеме“ на уметникот Драган Милованов.

Кампањата за подигнување на читачката култура кај младата публика во земјава е партнерски проект на ЕВН Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Проектот во Битола се реализираше во периодот од јуни до декември 2015 година, кога беа организирани едукативни работилници за деца на возраст од 6 до 14 години од основните училишта „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“. Во рамки на проектот, ЕВН Македонија донираше современо опремена читалница во националната библиотека „Св. Климент Охридски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП