22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје аплицира за европска престолнина на културата

Скопје аплицира за европска престолнина на културата

скопје-аплицира

Прва меѓународната работилница на тема „Значењето на титулата Европска престолнина на културата и нејзин придонес за културен и општ развој на градот“, на која учествуваа гости од Пловдив, Нови Сад, Љубљана и Ријека, невладини организации и културни институции, се одржува во петок во МКЦ во Скопје.

„Можноста што му се дава на Градот Скопје за аплицирање за титулата ‘Европска престолнина на културата’ стана достапна во 2014 година со усвојувањето на „Одлуката на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на акцијата на Унијата за Европските престолнини на културата за период од 2020 до 2033 година“. На Скопје, како град којшто доаѓа од земја со кандидатски статус за ЕУ, му остануваат можностите да се пријави на еден од повиците за стекнување на титулата ‘Европска престолнина на културата’ резервирани за земји со кандидатски статус и тоа во 2024, 2027, 2030 и 2033 година“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Според него, културата сè повеќе зема важно место во развојот на градовите во Европската Унија, но исто така и претставува двигател на урбаниот, но и социо-економскиот развој на градовите и регионите околу нив.

„За да се оствари оваа цел – стекнување на титулата „Европска престолнина на културата“, освен инфраструктурни и човечки капацитети, потребно е да се покаже и политичка спремност и волја, да се прифатат европските и светските текови и новитети на полето на културата, и третманот на културата како приоритетна област за развој на градот“, рече Трајановски.

Градоначалникот Трајановски посочи и дека цел на Градот Скопје е да покаже подготвеност и стремеж, со помош на активностите за кандидирање и стекнување на оваа титула во наредните години да ги постигне следните цели: регенерација на градот; подигање на меѓународниот профил на градот; креирање на нов живот во културата на градот; зголемување на туризмот и развој на креативните индустрии и слично.

Исто така, напомена дека оваа активност е сегмент од неговата програма за работа за периодот 2013-2017, поточно проектот: Скопје – град на културата, со кој Градот се обврзува да почне активности за подигање на свеста за можностите и Градот Скопје да се јави на еден од повиците на Европската Комисија како можен потенцијален кандидат.

Професор д-р Бранислав Саркањац, член на Иницијативниот одбор „Скопје – Европска престолнина на културата“, изјави дека се различни искуствата што ги имаат сите градови коишто ја добиле оваа титулата, но придобивките се големи во сите општествени области.

На апликацијата претходеа серија на активности, како што се усвојувањето на „Информацијата за започнување постапка и потребните активности за номинирање на Градот Скопје за „Европска престолнина на културата“ од Советот на Град Скопје на 35-тата седница одржана на 2 декември 2014 година, како и усвојувањето на „Одлуката за формирање Иницијативен одбор „Скопје-Европски град на културата“ на 53-тата седница на Советот на Град Скопје одржана на 22 септември 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП