3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстекува рокот за аплицирање за признанието „Најдобар млад научник“ за 2015 година

Истекува рокот за аплицирање за признанието „Најдобар млад научник“ за 2015 година

nau;nik

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015-та година, признание што шеста година по ред го доделува Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, истекнува за две недели.

Носителот на признанието за 2014-та година, Даниел Денковски, во петокот одржа предавање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на тема „Локализација на предаватели во сценарија со несигурни позиции на сензорите: Алгоритми и граници на поведение“ и пред присутните ја претстави својата работа.

„Сакам да истакнам дека наградата „Најдобар научник на Македонија за 2014 година ми беше мотивација да продолжам со мојата научно-истражувачка работа која што резултираше во една исто така плодна година“, изјави Даниел Денковски, носител на признанието „Најдобар млад научник“ за 2014-та година.

Проектот „Најдобар млад научник“, инициран од страна на Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

„Она што можам да го истакнам е дека промовирањето на младите научно-истражувачки кадри оди во нагорна линија“, рече Татјана Атанасова Пачемска, декан на Електротехничкиот факултетот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, oхрабрувајќи ги младите истражувачи коишто ги исполнуваат условите на конкурсот, да аплицираат за годинашното признание „Најдобар млад научник“.

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015-та година е отворен до 31-ви декември за сите млади луѓе до 30 години кои во досегашната научна работа имаат постигнати научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.

Апликацијата треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2015-та година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.

Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31-ви декември 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП