18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимален раст во преработувачката индустрија

Минимален раст во преработувачката индустрија

prerabotuvacka

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во ноември 2015 година, е за 0.3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на ноември 2014 година е зголемен за 8.1 процентен поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2015, во однос на октомври 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи незначително сe зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а е поповолна и во однос на ноември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2015 година изнесува 64.1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.0%, недоволната домашна побарувачка со 24.5%, недостигот на квалификувана работна сила со 23.1% и финансиските проблеми со 5.8%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП