17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто ако милијардерите го поделат своето богатство со светот?

Што ако милијардерите го поделат своето богатство со светот?

richman1

Што ќе се случи ако милијардерите во светот (1.426), го поделат своето вкупно богатство со светската популација.

Секој жител ќе добие точно 768,37 долари.

Овој интересен податок го пресмета магазинот Форбс, кој по повод 27-годишнината направи инфографик во кој истражува што можат 1.426 милијардери да направат со своето богатство.

Исто така, доколку милијардерите го поделат своето богатство меѓусебно, така што сите ќе поседуваат иста количина на пари, секој од нив би „тежел“ нешто повеќе од 3,8 милијарди долари.

Форбс наведе дека, доколку најбогатите луѓе на планетава би основале своја држава, таа би била четвртата најбогата земја во светот, веднаш зад Јапонија,

Доколку не би можеле да се договорат, најбогатиот човек во светот Карлос Слим, чие богатство е проценето на 73 милијарди долари, би можел да создаде приватна држава со поголем БДП од, на пример, Азарбеџан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП