6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај на индустријата со јаглен во Велика Британија

Крај на индустријата со јаглен во Велика Британија

jaglen ind 00

Пред стотина години над еден милион мажи заработуваа копајќи јаглен длабоко под површината на Обединетото Кралство. Почнувајќи од денес во земјата нивниот број се сведува на нула, пишува „Bloomberg“.

Последниот подземен рудникот за јаглен во Британија се затвора денес, искоренувајќи ја индустрија, која му помогна на Кралството да стане суперсила во 19-тиот век. Иако подземната рударска индустрија со јаглен се бореше со изумирањето од 80-тите години на минатиот век, па наваму, падот на цените на јагленот и се побрзата битка против климатските проблеми ја донесе до работ.

jaglen ind 0111

Келингли Колиери, во близина на Лидс во Западен Јоркшир, ќе биде затворен денес по затворањето на рудникот Торсби во Нотингхамшир во јули. Јаглен индустрија во Велика Британија сега ќе се состои од неколку откриени рудници кои ќе произведуваат околу 8 милиони тони годишно. Рекордот на британското производство е 292 милиони тони во 1913-та година.

Иако во Кралството јагленот се вади уште пред римската инвазија, индустријата навистина се измести нагоре за време на индустриската револуција. Од потечокот на 20-тиот век имаше над 3.000 подземни рудници лоцирани од Јужен Велс до Јоркшир.

jaglen ind 0222

Обединетото Кралство, кое е произведен 42 милиони тони јаглен во минатата година, се обидува да се ослободи од валканите централи на јаглен, заменувајќи ги со нуклеарни или гасни, за да се обиде да го балансира намалувањето на загадувањето со јаглерод со потребата да се заштитат потрошувачите од растечките цени. Фабриките на јаглен кои не се опремени со механизми за стопирање на штетните емисии ќе бидат затворени до 2025-та година.

Освен што ја губи поддршката од владите во светот, индустрија со јаглен е потисната од подемот на евтиниот гас од шкрилци, кој ги опустоши цените. Производителите во светот ги затвораат рудниците, а американските производители на јаглен „Alpha Natural Resources Inc.“, „Patriot Coal Corp.“ и „Walter Energy Inc.“ побарале заштита од банкрот во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП