18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит паднаа над еден отсто

Индексите на Волстрит паднаа над еден отсто

volstrit-berzi

Цените на акциите на Волстрит во четвртокот остро паднаа, по три дена раст, бидејќи падот на цената на нафтата и на сировините предизвика загриженост во врска со глобалната економија.

Dow Jones падна 253 поени, или 1,43 отсто, на 17.495 поени, додека S&P 500 потона 1,50 отсто, на 2.041 поен, а Nasdaq се намали за 1,35 отсто, на 5.002 поени.

Со вчерашниот пад овие индекси ја загубија целата добивка од претходниот ден кога Фед, со првото зголемување на клучните каматни стапки од 2006 година, порача дека американската економија ќе продолжи стабилно да расте и во наредната година.

Но, еуфоријата брзо спласнува бидејќи во четвртокот во фокусот на инвеститорите повторно се најде забавувањето на глобалната економија, на што укажува падот на цената на сировата нафта.

Поради растот на резервите во САД, зголемениот курс на доларот и забавувањето на растот на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини, цената на нафтата моментно е во минус од над 2 отсто од почетокот на неделата, па ова би можело да биде трета недела по ред како паѓа цената. Притоа се приближи на најниско ниво од 2004 долари.

„Забавувањето на Кина се прелева на остатокот на светот преку падот на цената на нафтата и на сировините. Тоа го отвора сериозно прашањето за глобалната побарувачка и за глобалната економија“, вели Хју Џонсон, директор во компанијата Johnson Advisors.

Девет од 10 сектори на S&P 500 индексот вчера загубија на вредноста, а најголем пад на цената на акциите имаше во енергетскиот и рударскиот сектор. Благо, за 0,1 отсто, зајакна само комуналниот сектор.

„И додека одлуката на Фед за зголемување на каматите отстрани една причина за несигурност на берзите, очекувам нестабилноста по зголемувањето на цената на парите“, вели Карен Хјат, портфолио менаџерка во Allianz Global Investors.

Меѓу најголемите губитници вчера се најде акцијата на Apple, со пад на цената за 2,1 отсто, поради шпекулациите за слабеење на продажбата на iPhone, а со оглед дека оваа акција има голема тежина во S&P и Nasdaq, нејзиниот пад осетно ги притисна индексите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП