3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве белгиски компании ќе инвестираат во Македонија

Две белгиски компании ќе инвестираат во Македонија

висар

Две белгиски компании веќе имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, и се очекува, уште една компанија да ја потврди нејзината инвестиција во последната недела од јануари, најавуваат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Едната од горенаведените инвестиции е од текстилниот сектор, додека другата од секторот за логистика.

Во рамките на посетата во Белгија на директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Г-дин Висар Фида, зема учество на Бизнис Форумот во Антверпен, организиран од страна на Канцеларијата на Агенцијата за странски инвестиции во Брисел, на кој присуствуваа повеќе од 100 компании од регионот на Фландрија, од различни сектори вклучувајќи ги тие од автомобилската индустрија, логистика, ИТ, прехранбена индустрија, текстилна и други.

Покрај учеството на овие настани, директорот Фида водеше интензивни преговори со некои од компаниите, се со цел реализирање на нивните инвестиции во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП