16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing доби нарачка вредна над 10 млрд долари

Boeing доби нарачка вредна над 10 млрд долари

boeing-logo

China Southern Airlines и Xiamen Airlines порачaa вкупно 110 авиони по каталошка цена од над 10 милијарди долари.

Кинескиот авиоконцерн China Southern Airlines и неговата компанија-сестра Xiamen Airlines склучија договор од над 10 милијарди долари со американскиот производител на авиони Boeing.

Општо земено двете компании порачале вкупно 110 авиони по каталошка цена од 10,1 милијарда долари. Кинеските превозници имаат намера да ја зголемат флотата поради силната домашна побарувачка на летови.

China Southern Air порача 30 авиони од типот Boeing 737NG и 50 авиони од типот Boeing 737 MAX.

Сепак, генерално авиокомпаниите добиваат во принцип сериозни отстапки од каталошките цени. Авионите треба да бидат доставени во периодот од 2017 до 2021 година

Компанијата-сестра Xiamen Airlines нарачала 30 парчиња Boeing 737 MAX.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП