13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric ги израдува инвеститорите

General Electric ги израдува инвеститорите

ge ele34

За прв пат американскиот индустриски конгломерат „General Electric“ (GE) даде прогноза за следната фискална година.

И покрај безживотната светска економија и притисокот врз резултатите во поделбата на нафта и гас, во 2016-та година компанијата ќе земе повисока добивка, вети конгломератот, кој повторно ги зајакнува обврските во главна индустриска активност.

Освен тоа индустрискиот гигант вети дека ќе врати на акционерите околу 26 милијарди долари во форма на дивиденди и откуп на акции. Ова е можно, бидејќи концернот продолжува со разделбата со финансискиот бизнис.

Компанијата е во напредни преговори за продажба на портфолиото на кредити во вредност од над 30 милијарди долари на „Wells Fargo & Co“. Засега од „Wells Fargo“ не ја дале највисоката понуда за финансискиот бизнис на „GE“.

Претходно ривалот на „GE“, „Honeywell“ ги предупреди инвеститорите за тешка година. Компанијата предвидува органски раст во опсег меѓу 1 и 2 отсто, но и покрај тоа беше појаснето дека притисокот поради ниските цени на нафтата ќе е подолг.

За разлика од „Honeywell“, „GE“ очекува за следната година органски раст на својата основна дејност од 2 до 4 отсто.

Оперативната добивка се очекува да биде меѓу 1,45 и 1,55 долари за акција. Тоа е над очекувањата на аналитичарите, чија прогноза беше за 1,51 долари. За оваа година „GE“ си постави цел или профит во опсег од 1,28 до 1,35 долари за акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП