26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Словенија на 11,7 проценти

Раст на невработеноста во Словенија на 11,7 проценти

slovenciteve4e654v6e4v

Во Словенија во месец октомври бројот на невработени порaснал за 0,2 проценти во однос на претходниот месец, па така стапката на невработеност изнесувала 11,7 проценти, додека анкетната невработеност изнесува 8,6 проценти, објави словенечкиот статистички завод.

Вкупно се регистрирани 107.488 невработени лица, што е за 7,3 проценти помалку отколку лани. Од 2008 година кога стапката на невработеност била најмала, бројот на невработени лица никогаш не паднал на помалку од 100.000.

На крајот на октомври биле вработени 918,000 лица, од кои 55 проценти се мажи, а бројот на работно активни лица се зголемил за половина процент во однос на претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП