30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето од милијардерите од 1995-та година веќе не се милијардери

Повеќето од милијардерите од 1995-та година веќе не се милијардери

bilionersi 3005

Да станеш милијардер е доста комплицирана задача, но уште потешко е да го задржиш богатството, или да го зголемиш.

Не, причините за тоа не се само одлуките каде ќе се летува – Бора Бора или Сент Мориц.

Постојат и други, а како главни се смртта, неуспесите во бизнисот и друго.

Во 1995-та година во светот имало 289 милијардери, според податоците на „UBS Group AG“ и „PricewaterhouseCoopers“. Денес, се само 126 од нив кои го задржале своето богатство со барем 9 нули.

Што сепак се случило со останатите 163 луѓе?

Најголем број од нив – 66 се починати, 24 лица веќе не се милијардери поради поделба на богатството, а 73-ца од богатите се исчезнати од рангирањето на најбогатите луѓе во светот поради проблеми со сопствениот бизнис.

Бројот на жените милијардери во последните 20 години е зголемен за 6.6%, наспроти 5,2 отсто за мажите, покажуваат уште податоците од истражувањето. Денес во светот има 7 пати повеќе жени милијардери отколку во 1995-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП