21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМигрантите сè повеќе партиципираат во глобалната економија

Мигрантите сè повеќе партиципираат во глобалната економија

tomeica t3

Мигрантите сè повеќе партиципираат во глобализираната економија, најмногу во секторот на услуги, покажа најновиот извештај на Меѓународната организација за работа (ИЛО).

Во ИЛО проценуваат дека меѓу приближно 232 милиони мигранти во светот, од нив 150,3 милиони работници се мигранти. Работно-способната популација меѓу мигрантите, на возраст од 15 години па нагоре, брои 206,6 милиони луѓе, што значи дека мигрантите работници сочинувале две третини од таа популација.

Директорката на одделот за работни услови и еднаквост при ИЛО, Мануела Томеи истакнува дека верува дека тие податоци за 2013 година ќе овозможат подобро информирани дебати за мигрантите генерално, како и за нивниот придонес кон општествата во кои се вклучуваат.

„Тие луѓе даваат значаен придонес на пазарот на трудот и економијата на земјите во кои престојуваат“, вели Томеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП