25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБИ-10 и ОМБ обоени во црвено..

МБИ-10 и ОМБ обоени во црвено..

mk berza kke

Денешното тргување на Македонската берза заврши со двојно поголем промет во однос на вчерашниот (11 милиони денари), при што индексите МБИ-10 и ОМБ изгубија 0,25 отсто, односно 0,07 отсто од својата вредност.

Вкупно се тргуваше со 15 хартии од вредност од кои 6 имаа пад на цената, 5 хартии имаа пораст, додека 4 хартии од вредност не ја променија својата вредност.

Најбарана акција денес повторно беше акцијата на Комерцијална банка каде се реализираа трансакции во вредност од 6 милиони денари по просечна цена од 2.253 денари. Следна на листата според промет се најде обврзницата за денационализација од тринаесеттата емисија со промет од 1,1 милиони денари. Од останатите акции единствено Стопанска Банка Битола покажа одредена ликвидност при што се реализираа 982 акции во вредност од 982 илјади денари.

Добитник на денот беше акцијата на ТТК Банка со раст од 2,90 отсто, додека прва на губитничката листа се најде акцијата на Стопанска Банка Битола со пад од 7,41 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП