26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-унгарската Мешовита комисија за економска соработка склучи девет меморандуми

Македонско-унгарската Мешовита комисија за економска соработка склучи девет меморандуми

меморандуми

Во рамки на 3-та седмица на македонско-унгaрската Мешовита комисија која се одржа во средата и четвртокот во унгарската престолнина Бидумппешта, беа потпишани девет меморандуми за дефинирање нови можности за соработка и заемна поддршка во областа на здравствената индустрија, заштита на потрошувачи и надзор на пазарот, авионавигацијата и др.

Инаку, трговијата на Македонија со Унгарија за првите осум месеци во 2015 година изнесува 57 милиони евра и остварен е раст од 11,4 отсто во однос на истиот период 2014 година. Вкупната размена во 2014 година изнесуваше 76,8 милиони евра , кога беше остварен раст од 60,4 проценти во однос на претходната 2013 година.

Во четвртокот во Будимпешта, беше заклучена Третата седница на Мешовитата македонско-унгарска комисија, во рамки на Договорот за економска соработка меѓу владите на двете земји. Македонската делегација ја предводепе Анета Димовска, државен секретар во Министерството за економија, а на чело на унгарската делегација беше државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи и трговија, Левенте Маѓар.

На Мешовитата комисија ѝ претходеа состаноци на вкупно седум работни групи, и тоа за енергетика, туризам, развој на мали и средни претпријатија, заштита на потрошувачи, здравство, земјоделство и авио сообраќај, кои се одржаа во текот на вчерашниот ден.

Со цел да се продлабочоат економските односи меѓу Македонија и Унгарија, паралелно со седницата на Комисијата, во текот на средата се одржа економски форум и ткн Б2Б средби меѓу македонските и унгарските фирми од различни сектори.

На отварањето на форумот, Димовска ја поздрави политичката поддршка од Унгарија и залагањето за унапредување на економските релации меѓу двете земји. Димовска истакна дека македонската влада е цврсто определена за унапредување на условите за водење бизнис и привлекување инвестиции и во таа насока ги охрабри унгарските компаниите да воспостават што поактивна деловна соработка со македонски фирми.

За тамошна поддршка на бизнис секторот, македонските комори на маргините на Мешовитата комисија потпишаа протоколи за соработка со државните и регионали унгарски комори.

Во рамки на Третата седница на комисијата, Димовска и Маѓар изразија задоволство од досегашната соработка и остварените резултати во последните години, истакнувајќи дека проектите за кои се разговараше на состаноците на работните групи се заеднички иницијативи за продлабочување на соработката и ќе овозможат натамошен раст на билатералната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП