21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКои се најголемите статусни симболи денес?

Кои се најголемите статусни симболи денес?

rich1

iPad, кабриолет, телевизор со дијагонала од 50 инчи и чистачка во домот се дел од модерните статусни симболи на повеќето луѓе. Истражувачите откриле еклектичен микс на нештата кои за 2.000 испитаници претставуваат статусни симболи на денешницата.

Покрај домот во кој живеете и колата која ја возите, помеѓу модерните симболи за богатство се наоѓаат и егзотичните одмори на Карибите и Малдивите.

„Во минатото луѓето се оценуваа меѓусебно според домот во кој живеат и колата која ја возат. Меѓутоа, денес, постои голем број на модерни нешта кои допринесуваат во впечатокот за нечие богатство и успех“, изјави Анди Олдам, директор на веб сајтот „ Quidco“, кој го вршеше истражувањето.

Меѓу статусните симболи се наоѓа и скапата облека, скапоцените часовници и модните додатоци од познатите светски марки.

Погледнете ја комплетната листа на денешните статусни симболи:

-Луксузен одмор на некоја егзотична локација

-Телевизор со дијагонала од 50 инчи

-Смартфон

-iPad или некој друг таблет

-Автомобили од марката на Мерцедес, Ферари или Порше

-Скапоцен часовник со знакот на Ролекс или некои други познати марки

-Патување во прва класа

-Торба од Прада

-Кабриолет

-Два или повеќе автомобили

-Чистачка во домот

-Познавање на вина

-Персонализирана регистарска табличка на автомобилот

-Често користење такси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП