23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата е стабилна над 37 долари

Цената на нафтата е стабилна над 37 долари

nafta 39222

Цената на нафтата се стабилизираше денеска на светските берзи над 37 долари за барел, притисната од силната понуда и растот на доларот откако американската централна банка прв пат за речиси 10 години ја крена каматната стапка.

На лондонската берза цената на нафтата на сирова нафта за испорака во февруари остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 37,19 долари. Вчера во време на затворањето бележеше минус од 3,3 отсто. На американската берза со барелот се тргува по 33 центи пониска цена, од 35,19 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус од речиси пет отсто.

Пазарите веќе подолго ги притиска прекумерното снабдување, кое дополнително го потврди неочекуваниот раст на резервите во САД во минатата недела.

Пазарите веќе подолго време ги притиска прекумерното снабдување, кое дополнително го потврди неочекуваниот раст на резервите во САД во минатата недела, за дури 4,8 милиони барели, покажаа податоците на американската влада. Поради прекумерната понуда цената на нафтата само во овој месец падна за речиси 17 отсто.

Притоа вишокот на американската нафта би можел да го пронајде патот на и онака прекумерно снабдениот меѓународен пазар, ако американскиот Конгрес изгласа укинување на 40-годишната забрана за извоз на нафта.

OPEC, пак, инсистира на одбрана на пазарниот удел од конкуренцијата и покрај ниските цени.

„Членките на OPEC ја спуштаат цената за да обезбедат пазарен удел, а во случај американската нафта да се најде на светската берза ќе мора дополнителни да ги зајакнат таквите мерки“, толкуваат аналитичарите од CMC Markets.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП