3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMars – најпродаваното чоколадо во светот

Mars – најпродаваното чоколадо во светот

mars2

Американската кондиторска компанија „Mars“, според висината на приходите, е меѓу најголемите производители на чоколадо во светот.

„Mars“ во 2012 година остварил приходи од 16,8 милијарди долари, пишува францускиот Фигаро.

Групата вработува 32.000 луѓе во вкупно 52 погона, а нејзините најпознати марки, покрај чоколатцето „Mars“, се и „Baunty“, „Twix“, „Snickers“.

Нa второто место се наоѓа германскиот производител „Mondelez International“, со популарната чоколада „Milka“. Во минатата година, оваа компанија остварила приходи од 15,48 милијарди евра.

Помалку познатиот „Barsel SA“, подружница на мексиканската група „Bimbo“, исто така е меѓународен чоколадо гигант, со приходи од 14 милијарди долари во 2012 година.

Швајцарската компанија „Nestle“ се наоѓа на четвртото место, со приходи од 12,8 милијарди долари во минатата година, а најдобар резултат постигна чоколадото „KitKat“.

Следи јапонската компанија „Meijli“, која забележала 12,42 милијарди долари, зад неа е американската компанија „Hershey“ со 6,46 милијарди долари.

Италијанскиот „Ferrero“ го завзема седмото место на листата, со приходи од 5,62 милијарди долари минатата година, а успехот се должи на „Nutella“ и „Kinder“.

На осмото место е швајцарската група „Lind&Springl“ со 2,97 милијарди долари приходи во 2012 година, додека на деветото место е германскиот „Stork“, благодарение пред се на бонбоните и црните чоколатца. Оваа компанија оствари приход од 2,27 милијарди долари.

Листата ја заклучува турската компанија „Yildiz“ со 2,2 милијарди долари приходи, која во својата понуда има 83 различни производи, од бисквити до чоколатца, под брендот „Ulker“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП