18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, доларот зајакна по пораката на Fed

Азиските берзи пораснаа, доларот зајакна по пораката на Fed

berzi azija 2994

На азиските берзи во четвртокот цените на акциите пораснаа, откако во средата американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги зголеми камати и препорача дека натамошната нормализација на монетарната политика ќе оди постапно.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во четвртокот беше во плус повеќе од 1,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кроеја, Сингапур, Хонгконг, Шангај и Австралија пораснаа меѓу 0,2 и 1,5 отсто. Благодарејќи на тоа, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во плус 0.,9 отсто, зајакнувајќи трет ден по ред.

Американската централна банка ги зголеми во средата клучни каматни стапки, првпат по речиси десет години, за 0,25 процентни поени, на 0,25 до 0,50 отсто, порачувајќи дека американската економија ќе продолжи стабилно да расте и следната година. Тоа донесе олеснување меѓу вложувачите кои овој потег го очекуваа со месеци.

По дводневната седница на Fed, неговите челници истакнаа во соопштение дека дошло до значително подобрување на условите на пазарот на трудот, бидејќи стапката на невработеност падна на 5 отсто, и дека веруваат дека инфлацијата на среден рок ќе расте кон целените 2 отсто. Прогнозите на Fed останаа речиси исти како и претходно, при што за следната 2016 година се очекува раст на економија до 2,4 отсто, додека стапката на невработеност би можела да падне на 4,7 отсто.

Инвеститорите ги охрабри најмногу пораката на Fed дека натамошното зголемување на каматите ќе биде постапно, дека по извонредно лабавата монетарна политика, нејзината нормализација ќе се одвива полека, зависно од стопанските показатели. Така, челниците на американската централна банка проценуваа дека на крајот од следната година каматите ќе изнесуваат 1,375 отсто, што значи дека во 2016-та би можеле да бидат зголемени во четири наврати.

Иако со зголемувањето на каматите пазарот на акциите загуби еден лост кој со години го поддржуваше, Fed ги уверува инвеститорите дека економијата се оддалечила далеку од рецесијата во 2008 година и дека ќе продолжи стабилно да расте.

А на валутните пазари по зголемувањето на каматите нa Fed, американскиот долар порасна. Неговиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската во односот на шесте најзначајни валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, порасна за 0,35 отсто, на 99,56 поени.

Притоа, цената на доларот кон јапонската валута се движи околу 122,40 јени, додека во средата во истиот период од денот изнесуваш 121,80 јени, Курсот на еврото кон американската валута се лизна, пак, на 1,0860 долари, додека претходниот ден изнесуваше 1,0940 долари.

Многу аналитичари очекуваат и натамошно јакнење на доларот, имајќи предвид дека следната година се очекува раст на каматите во САД, додека Европската централна банка (ECB) и натаму води многу лабава монетарна политика.

Меѓутоа, продолжувањето на подемот на курсот на доларот би можел да ги притисне цените на нафтата и на сировините, кои се искажуваат во американската валута. Па во четвртокот утрото цените на нафтата благо пораснаа по вчерашниот остар пад предизвикан од извештајот за неочекуваниот раст на резервите во САД, минатата седмица.

Откако во средата потона за речиси 5 отсто, во четвртото претпладнето на американскиот пазар цената на барелот порасна за 15-ина центи, на 35,70 долари. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот се движи околу 37,60 долари, откако во средата падна за 1,16 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП