2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит, Фед ги зголеми каматите

Раст на Волстрит, Фед ги зголеми каматите

wall street3300009

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во средата трет ден по ред, откако Фед по прв пат од 2006 година ги зголеми каматните стапки и порача дека во иднина цената на парите ќе ја зголемува постепено.

Dow Jones зајакна за 224 поени, или 1,28 отсто, на 17.749 поени, додека S&P 500 скокна 1,45 отсто, на 2.073 поени, а Nasdaq се зголеми за 1,52 отсто, на 5.071 поен.

Американската централна банка во средата ги зголеми клучните каматна стапка прв пат за речиси 10 години, за 0,25 отстотни поени, на 0,25 до 0,50 отсто, порачувајќи дека американската економија ќе продолжи стабилно да расте и во наредната година.

Инвеститорите најмногу ги поттикна пораката на Фед дека натамошното зголемување на каматите ќе биде постепено, што ќе зависи од макроекономските показатели, меѓу другото и за инфлацијата.

Иако со зголемувањето на каматите берзите губат една полуга која со години ги поддржуваше, Фед ги увери инвеститорите дека економијата далеку отскокна од рецесија во 2008 година и дека ќе продолжи стабилно да расте.

Благодарение на тоа, вчера S&P 500 индексот порасна трет ден по ред, а на вредност добија акциите во девет од 10 сектори. Единствено падна енергетскиот сектор бидејќи цената на нафтата, по дводневниот раст, повторно падна.

И на европските берзи цените на акциите во средата. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,72 отсто, на 6.061 поен, додека франкфуртски DAX порасна за 0,18 отсто, на 10.469 поени, а париски CAC се зголеми за 0,22 отсто, на 4.624 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП