4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Cadilac CTS

Новиот Cadilac CTS

2014-Cadillac-CTS-1

Новиот „Cadillac CTS“ беше претставен на саемот за автомобили во Њу Јорк како лимузина која може да биде најдобра во својата класа во која се наоѓа и „BMW Serijа 5“. „CTS“ има погон на задните тркала, а како основа ја користи архитектурата на моделот „ATS“ кој беше претставен минатата година.

Од „Cadillac“ наведуваат дека новиот „CTS“ ќе биде најлесен автомобили во својата класа, затоа што е за 90kg полесен (1640kg) од еквивалентниот „BMW 528i“, иако е подолг за 67mm од тој автомобил (4966mm). Новиот „CTS“ исто така е и за 127mm подолг од својот претходник. Меѓуосовинското растојание е продолжено за 30mm на 2911mm.

Изгледот на „CTS“ е препознатлив како актуелниот дизајн на оваа марка и претставува еволуција на дизајнерската тема „уметност и наука“. Предната решетка е поширока, а предниот дел е упадлив со вертикалните LED светла.

2013-Cadillac-CTS-V_Luxury-i06-800

Основниот мотор е четирицилиндричен со 270KS, а потоа следи и 3.6 литарски V6  кој испорачува 320KS. Врвот на понудата е 3.6 литарски V6 со две турбо вбризгувања кои произведуваат 420KS. Овој агрегат може да се добие во комбинација со осумстепенски автоматски менувач во моделот „CTS Vsport“. Оваа трансмисија се појавува премиерно во автомобилите на оваа компанија. Сега за сега не се предвидени дизел мотори.

Сите мотори стандардно се комбинираат со шестстепен автоматски менувач, а можно е да се добие и погон на сите четири тркала. „CTS Vsport“ има поостро управување, унапредени кочници, подобрено ладење, магнетски амортизери и електронски диференцијал за ограничено пролизгување. Овој модел од 0-100km/h забрзува за 4.6 секунди.

2013-Cadillac-CTS-V_Luxury-i06-8001

Изгледот на централната конзола и инструмент таблата е потполно редизајнирана, а во кабината се употребени кавалитетни материјали. Во понудата се наоѓаат шест двобојни комбинации за внатрешноста со детали од дрво, карбон и алуминиум, како и кожни седишта. Предните седишта може да се подесуваат на 20 начини, од кои 16 се вршат со помош на електромотор. Луксузното чувство во кабината го потврдува абиенталното осветлување, трозонската клима, вентилациските отвори на задната централна конзола и „Bose Surround audio sistem“ кој е дел од стандардната опрема.

Производството на новиот „Cadillac CTS“ започнува наесен, а продажбата во Европа стартува на почетокот на 2014-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП