19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрогнозата на Oracle за нејзиниот профит не се покажа импресивна

Прогнозата на Oracle за нејзиниот профит не се покажа импресивна

oracle office20

Производителот на бизнис софтвер „Oracle“ ја објави прогнозата за добивка за третиот квартал, но таа не се совпадна со очекувањата на аналитичарите. Како резултат на тоа, цената на акцијата на компанијата падна за над 1% за време на берзанската трговија, пренесува „Ројтерс“.

Прогнозата на компанијата за третиот квартал е за профит од околу 63-66 центи по акција, а приходите ќе го задржат нивото или ќе се зголемат за 3%, што значи дека ќе достигнат опсег од 9,33 милијарди до 9,61 милијарди долари. Промената на фокусот на компанијата од лиценцирање на софтвер кон претплатите базирани во „облак“ услугите ги собраа нејзините маргини, коментира агенцијата.

Просечната прогноза на аналитичарите беше за профит од 65 центи по акција и приходи од 9,28 милијарди долари.

Слично на други етаблираните технолошки компании, „Oracle“ го насочува својот бизнис кон „облак“ услугите, обезбедувајќи слични услуги преку центри на податоци, наместо да продава софтвер, како досега.

Во вториот квартал, што заврши на 30-ти ноември, приходите од софтвер за „облак“ услуги и платформата услуги пораснаа за 34% до 484 милиони долари.

Вкупните приходи се намалија за 6,3% до 8,99 милијарди долари, кои не ги оправдаа очекувањата на аналитичарите за 9,06 милијарди долари, наведува „Thomson Reuters“.

Нето добивката на „Oracle“ падна на 2,2 милијарди долари, или 51 центи по акција, од 2,5 милијарди долари, или 56 центи по акција, од пред една година.

Ако се изземат одредени елементи, таа освоила по 63 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата за 60 центи по акција.

До завршувањето на трговијата во средата акциите на „Oracle“ забележаа пад од 13,5% во цената од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП