4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот суд ја поништи паричната казна од 790 милиони евра против авиопревозниците

Европскиот суд ја поништи паричната казна од 790 милиони евра против авиопревозниците

prevoznici avioni 33

Општиот суд на Европската унија (ЕУ) ја поништи парична казна од 790 милиони евра, наметната од Европската комисија (ЕК) на група големи авиокомпании за нелегално фиксирање на цените во товарните превози, пренесоа агенциите.

Судот посочи дека при одлуката од 2010-та година, ЕК допуштила технички грешки.

Во 2005-та година „Lufthansa“ соопшти за ценовниот картел, вклучувајќи уште 13 авиокомпании, меѓу кои „Air France-KLM“, „British Airways“, „Cathay Pacific“, „Japan Airlines“ и „Singapore Airlines“.

По истрагата, ЕК потврди дека авиопревозниците биле договорени за фиксирање на цените за надополнување со гориво кај товарните летови, како и за дополнителните давачки воведени поради засилените безбедносни мерки по терористичките напади во САД од 11 септември 2001-ва година.

Казната на „Lufthansa“ беше откажана, но другите компании беа казнети за учество во картел. Сите освен една потоа поднесоа жалба на одлуката на Европската комисија.

Општиот суд на ЕУ, сепак ја поништи одлуката на ЕК поради недоследност на формулациите што го прави невозможно да се утврди која авиокомпанија за кој дел од прекршокот одговара и може да го наруши правото на превозниците на заштита.

За судската одлука може да се поднесе жалба во следните два месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП