19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнемичен промет на Македонската берза...

Анемичен промет на Македонската берза…

whistleblower-v4

На Македонската берза во средата забележан беше минимален пад на индексот МБИ-10 од 0,06 отсто, проследен со анемичен промет од само 5,5 милиони денари.

Најголемо учество во прометот имаше акцијата на ТТК Банка која воедно беше и единствена акција со промет поголем од милион денари.

Индексот ОМБ, исто така, имаше незначителен пад од 0,02 отсто, а се истргуваа обврзници во износ од 471 илјади денари. Од обврзници за денационализација се тргуваше само со четиринаесеттата емисија. Акцијата на „Комерцијална банка“ во средата имаше драстично помал промет во однос на претходниот трговски ден, односно беа истргувани само 210 акции по просечна цена од 2.277 денари.

На Редовниот пазар имаше промет од речиси 69 илјади денари, од кои поголемиот дел беа остварени со акциите на „Стоби“ Велес по просечна цена од 1.230 денари, како и акциите на „Железник“ Демир Хисар.

На губитничката листа се најдоа акциите на „Жито Полог“ со негатива од 2,44 отсто и „Комерцијална банка“ Скопје со пад на цената од 0,24 проценти.

Најголем добитник на денешното тргување беше акцијата на „Осигурување Македонија“ (KJUBI), со раст на цената за цели 17,43 отсто, при истргувани вкупно 28 акции по просечна цена од 1233 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП