19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската централна банка(FED) ги подигна каматните стапки

Американската централна банка(FED) ги подигна каматните стапки

fed

Американската централна банка Federal Reserve(Fed) ги зголеми во средата базичните каматни стапки, првпат во речиси последните десет години, од 0,25 до 0,5 отсто, објави Федералната комисија за операции на отворениот пазар (FOMC) по заседанието на челниците на банката во изминатите два дена.

Централната банка на САД својата клучна камата ја симна на нула кон крајот на 2008 година за да го запре падот на економијата откако крахирањето на пазарот на недвижнини ги собори џиновите од Волстрит и ја полула довербата на светот во американскиот финансиски систем. Последен пад Fed ги зголеми каматните стапки во 2006 година.

Комисијата која ја одредува политиката на американската централна банка ја зголеми својата клучна каматна стапка од речиси нула за четвртина процентен поен, во дијапазонот меѓу 0,25 и 0,50 отсто, ставајќи ѝ крај на долгата дебата за тоа дали американската економија е доволно силна да поднесе поголеми трошоци за позајмувањето.

„Оценуваме дека дојде до значително подобрување на условите на пазарот на трудот оваа години и прилично е уверливо дека инфлацијата ќе расте во средниот период до целта од 2 отсто“, се наведува во соопштението на Fed, кое било едногласно усвоено.

Од Fed јасно истакнуваат дека зголемувањето на стапката е почеток на постапното притегнување и дека во одлучувањето за своите наредни потези главно ќе биде следена инфлацијата која е под целната.

„Новите економски проекции на Fed останаа главно непроменети од септември со невработеноста која се предвидува дека ќе падне на 4,7 отсто следната година, а економскиот раст на 2,4 отсто.

Според челничката на Fed, Џенет Јелен, клучната каматна стапка на банкарските кредити е зголемена за во иднина да се има простор за маневрирање. „Сакавме да имаме еден вид тампон“ доколку банката мора „да реагира на можните негативни шокови“ во економијата, додаде таа.

Претходната речиси нулта стапка, според Јелен, овозможувала да се одговори на „позитивниот шок“ во економијата, но не и на „негативните потреси“. Во случај на негативни потреси во економијата, цената на кредитните ресурси на централните банки вообичаено ги намалуваат.

Покрај тоа, Јелен го повтори аргументот дека почетокот на постепеното зголемување на каматните стапки ќе овозможи да се избегнат сценаријата, кога тие би требало да се зголемат драстично, што би било „ризик од рецесија“.

Според среднорочните прогнози на Fed, основната стапка ќе биде зголемена до 1,4 отсто во 2016 година и до 3,5 отсто во долгорочна перспектива. Притоа Јелен не исклучува дека во тој случај на „негативни потреси“ можно е враќање на пониска стапка.

Според неа, во моментов се намалени ризиците за американската економија. „Иако настаните во странство продолжуваат да претставуваат ризик за економскиот раст во САД, како што можеме да оцениме се намалиле од минатото лето“, рече Јелен.

„Во принцип, нашата комисија ги разгледува ризиците за економските активности и за пазарот на трудот, како избалансирани, додаде челничката на Fed.

Според Јелен, членовите на одборот во просек очекуваат раст на економија за 2,1 отсто за оваа и до 2,4 отсто во следната 2016 година. Просечното ниво на невработеноста, според очекувањата треба да биде 5 отсто, блиску до целеното.

Јелен рече дека натамошното зголемување на стапките ќе биде постапно. Се очекува кон крајот на 2016 година стапката да достигне 1,5 отсто, а кон крајот на 2017 година 2,5 отсто.

Сепак, челничката на американската централна банка предупреди дека доколку темпото на економскиот раст забави, и зголемувањето на основните каматни стапки ќе биде постепено со истото темпо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП