9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНДП: Најдобро се живее во Норвешка, Македонија 81-ва од 188 земји

УНДП: Најдобро се живее во Норвешка, Македонија 81-ва од 188 земји

crowd-crossing-street

Најдобрата земја за живеење меѓу 188 држави е Норвешка, а Македонија е на 81-тo место објави во средата програмата за развој на Обединетите наци – УНДП.

На второто место е Австралија, па следат Швајцарија, Данска, Холандија, Германија, Ирска, Канада и Нов Зеланд, покажува најновиот извештај на УНДП за општествениот развој во 2015 година.

Од дваесетте најдобри земји за живеење, единаесет се во Европа, а на дното од листата се Еритереја, Централноафриканската Република и Нигер.

Од поранешните југословенски републики пред Македонија се Словенија на 25-то место, Хрватска на 47-то, Црна Гора е 49-та, Србија е 66-та, а зад неа е Босна и Херцеговина на 85-то место.

Со тоа, земјата како и минатата година е вброена во земјите со „висок општествен развој“, според очекуваниот животен век и неговиот квалитет, доходот по глава на жител, писменоста и другите фактори.

Македонија практично е со непроменета позиција со индексот HDI 0,747, со очекуван животен век од 75,4 години, образование од 13,4 години а бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител изнесува 11,780 американски долари, покажува извештајот.

Во извештајот се оценува дека две милијарди луѓе, благодарејќи на напредокот во образованието живеат подобро отколку пред 25 години. Меѓутоа, 830 милиони и натаму живат со помалку од два долара дневно, додека повеќе од 200 милиони луѓе, вклучително и 74 милиони млади се невработени, а 21 милион луѓе се принудени на работа.

Жените во просек заработуваат 24 отсто помалку од мажите и заземаат помалку од четвртина повисоки деловни позиции во светот, 61 отсто вработени работат без договор, а само 27 отсто од светската популација има соодветна социјална заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП