7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја укинува зоната за слободна трговија со Украина, Киев ќе го...

Русија ја укинува зоната за слободна трговија со Украина, Киев ќе го сопре снабдувањето на Крим

крим-русија-трговија

Русија ја укинува зоната за слободна трговија со Украина од 1-ви јануари, на денот кога стапува на сила договорот за слободна трговија меѓу Киев и Европската унија, се наведува во указот кој во средата го потпиша претседателот Владимир Путин, а претходно украинскиот премиер Арсениј Јаценјук објави дека Украина ќе ја запре трговијата со Крим за 30 дена истакнувајќи дека снабдувањето на црноморскиот полуостров со електрична енергија ќе биде засебно прашање.

Одлуката на Москва за укинување на зоната на слободна трговија со Киев е донесена поради „околностите кои им штетат на интересите и на економската безбедност на Руската Федерација“, се наведува во указот кој го потпишал рускиот претседател Владимир Путин.

Конкретно, со документот се укинува примената на договорот потпишан на 18-ти октомври 2011 година во Санкт Петербург со кој се создаден специјален трговски режим меѓу земјите членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), односно сите држави од поранешниот Советски сојуз освен балтичките земји и Грузија.

Москва постојано повторува дека поради договорот за слободна трговија меѓу Украина и Европската унија рускиот пазар би можел да биде преплавен со нецаринети европски производи и оти затоа е принудена да преземе мерки за трговска заштита.

Покрај тоа, Русија се закани дека против Украина од 1-ви јануари ќе го примени ембаргото коешто пред повеќе од една година го воведе за производите од ЕУ, како одговор на нејзините економски санкции против Москва во врска со украинската криза.

Москва најави дека таа возвратна мерка ќе ја преземе, само доколку не успее да се договори со Брисел и Киев за примена на договорот меѓу Украина и ЕУ.

Новите преговори се предвидени за понеделник во Брисел. Страните, меѓутоа, оценуваат дека се мали изгледите за постигнување договор до крајот на годината, бидејќи претходните договори не дадоа резултат. Според украинските медиуми, Киев предлага преоден период од две до три години, а Москва бара десет.

Крим, кој со референдумот на тамошното мнозинско руско и рускојазично население по соборувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович преку референдум си ја поврати автономијата и изгласа присоединување кон Руската Федерација што Киев и Западот го сметаат за нелегално руско анектирање на украинска територија, речиси целосно остана без електрична енергија, откако со подметнати експлозии беа оштетени четири далноводи кои го снабдуваат со струја.

Русија за возврат го забрани извозот на јаглен во Украина, а Киев одговори дека ќе ги спречи пратките со јаглен за Крим.

„Во согласност со владината одлука која ќе стапи на сила за 30 дена, испораките на стоки и работна сила на Крим се забранети. Што се однесува до електричната енергија, снабдувањето може да биде единствено врз база на одлуката на Советот за безбедност и одбран“ на Украина, изјави во средата украинскиот премиер Арсениј Јаценјук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП