19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИŠKODA: 120 години мобилност и страст

ŠKODA: 120 години мобилност и страст

skoda_large_tcm1224-85175

Пред 120 години во декември 1895 година пионерите на мобилноста Лорен и Клемент ги поставија темелите на една од најстарите светски компании за производство на автомобили.

Станува збор за фасцинантно успешна приказна: од фабрика за велосипеди до интернационален автомобилски производител – моќен бренд со повеќе од 17 милиони продадени автомобили со логото на ŠKODA и L&К.

Но доаѓа новата ера во која ŠKODA и понатаму ќе ја проширува својата гама во годините кои следат.

Овој месец брендот ја прославува својата 120-годишнина, што е потврда дека во светски рамки Škoda е една од најстарите компании за производство на автомобили. Стручноста и угледот на брендот Škoda се базираат на дванаесет децениска традиција и искуство во автомобилскиот инженеринг на чешката индустрија.

Ентузијазмот за мобилноста е дел од Škoda, уште кога компанијата беше основана, тоа може да се забележи преку богатата традиција и бројните автомобилски икони. Во последните 25 години како дел од групацијата Volkswagen, ŠKODA прерасна во меѓународно успешен производител од обем. Помеѓу 2010 и 2015 година, компанијата ја спроведе најголемата моделска кампања во својата историја. Во годините кои следат, ŠKODA планира да го продолжи овој успех и понатаму да ја проширува својата гама.

Со храброст, решителност и пионерски дух, основачите Лорин и Клемент во Млада Болеслав, во декември 1895 година, ги поставија темелите на 120-годишната успешна приказна на Škoda. Нивниот сон за мобилноста изникна од нивната страст кон технологијата и бескомпромисната потрага за усовршување. Сонот на основачите, на многу начини, е дел од брендот и основа за меѓународниот успех. Денеска ŠKODA се натпреварува со најдобрите производители во индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП