26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна под 38 долари пред седницата на Фед

Цената на нафтата падна под 38 долари пред седницата на Фед

nafta 4839

Цената на нафтата во средата повторно се намали на светските берзи, по најновите американски податоци кои сведочат за натамошно јакнење на прекумерната понуда на глобнално ниво, а во фокусот на инвеститорите е многу изгледното зголемување на каматните стапки во САД.

Барел нафта на лондонската берза денеска се продава по 85 центи пониска цена во однос на вчера, од 37,60 долари.

На американскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета и изнесуваше 37,16 долари, откако во вторникот цената скокна за над еден долар. Поддршката на цените пружи и очекуваната измена на американскиот закон со кој би се овозможил извоз на сирова нафта.

Цената на нафтата денеска падна откако податоците на Американскиот институт за нафта покажаа изненадувачки раст на американските резерви на сирова нафта во минатата недела за 2,3 милиони барели.

Актерите на нафтениот пазар се подготвуваат за раст на каматните стапки во САД, прв за речиси десет години, што би требало на доларот да му даде ветер во грб. Тоа би значело дека цената на нафтата, чија цена е искажана во долари, ќе поскапи за оние кои поседуваат други валути.

„Амбиентот на пазарот е таков што растот на каматните стапки ќе го поттикне доларот и ќе ги притисне цените на стоките“, вели Ханс ван Клиф, виш економист за подрачје на енергетиката во банката ABN Amro.

Американските законодавачи би требало во четвртокот да гласаат за даночни и закони за потрошувачка, кои ќе вклучат и одредба со која би се укинала забраната на американски извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП