29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно ќе се прска со калциум магнезиум ацетат

Повторно ќе се прска со калциум магнезиум ацетат

prskanje 333

Градот Скопје го продолжува третирањето на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Со средството калциум магнезиум ацетат ќе се прскаат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“, во центарот на градот, како и дел од булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“, во Аеродром. Прскањето вечерва ќе почне во 20 часот и ќе се одвива кога тоа го дозволува температурата на воздухот (за да не настане голомразица).

Градот Скопје ги информира граѓаните дека брзината на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП