3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz отвора оддел за осигурување од сајбер ризик во САД

Allianz отвора оддел за осигурување од сајбер ризик во САД

sajb kriminal 234

Осигурителниот гигант Allianz објави дека на 15 декември го отвори првото посебно претставништво за осигурување од сајбер ризик и професионална одговорност во САД, како дел од својата портфолио линија за осигурување од финансиска одговорност.

Претставништвото е отворено од страна на  посебниот оддел за корпоративни осигурувања Allianz Global Corporate & Specialty (AGCS) со седиште во Минхен, коешто е дел од Allianz Group.

AGCS во 2013 година започна да нуди посебни производи за осигурување од сајбер ризик во Европа и Азија, а од 2014 година во Канада.

Во последниот извештај на AGCS се наведува дека сајбер ризиците еволуирале и претставуваат многу повеќе од крадење на база на податоци, нарушување на приватноста или нарушување на угледот на компанијата.

Компаниите мора да бидат подготвени за нова генерација на сајбер ризици, кои се менуваат често и им се закануваат на компаниите со големи штети, прекин на работењето, па дури и можни загуби од катастрофални размери.

Моментно сајбер криминалот ја чини светската економија околу 445 милијарди долари годишно, од што 108 милијарди евра се однесуваат на САД. Во текот на 2014 година биле регистрирани дури 42,8 милиони сајбер напади ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП