14 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на европските берзи пред одлуката на Фед

Внимателност на европските берзи пред одлуката на Фед

berza 392

На европските берзи внимателно се тргува бидејќи инвеститорите не сакаат позначително да ризикуваат пред одлуката на американската централна банка за каматите.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 11,00 часот беше во плус 0,1 отсто, откако вчера скокна за 2,9 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,50 отсто, на 6.047 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,20 отсто, на 10.473 поени, а париски CAC 0,30 отсто, на 4.628 поени.

На европските берзи се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не се расположени да ризикуваат пред одлуката на Фед.

Дводневната седница на челниците на Фед завршува денеска, а се очекува прв пат од 2006 година да ги зголеми клучните каматни стапки.

Се очекува зголемување на каматите на Фед за скромни 0,25 отстотни поени, но прашање е какви се плановите за наредната година, што би можело да биде појасно по соопштението на централната банка и нејзините проценки на состојбата во економијата и движењето на каматите во следната година.

„Ништо не е сигурно до големото откритие вечерва, оттука берзите делуваат прилично несигурно“, вели Конор Кембел аналитичар во компанијата Spreadex.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП