17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите во ЕУ се согласни за продолжување на санкциите против Русија

Сите во ЕУ се согласни за продолжување на санкциите против Русија

eurusija 30599

Сите земји членки на Европската унија се согласни дека е неопходно продолжувањето на економските санкции против Русија во врска со украинската криза за уште половина година, и оти за тоа прашање не треба да се разговара на самитот на ЕУ, изјавил за новинарите во Брисел висок европски функционер кој сакал да остане анонимен.

„Не очекувам никаква дискусија. Ова го кажувам, иако би можел да грешам, базирајќи се на преговорите меѓу претставниците“, го цитира агенцијата РИА неименуваниот европски функционер.

Тој истакнал дека „сите 28 земји се убедени дека мартовските заклучоци, кои востановија јасна врска меѓу целосното спроведување на договорот од Минск и продолжувањето на санкциите, имаат ефект“.

„Тоа значи дека сите 28 челници ја поддржуваат идејата за продолжување на санкциите за следните шест месеци“, рекол претставникот ЕУ.

Напомнал дека „една делегација поднесе процедурално прашање, кое треба да го разгледаме“, без да прецизира за која земја станува збор.

„Ова е изразено во писмото на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Формалниот процес ќе се одржи по состанокот на Советот на ниво на постојани претставници. За ова прашање има консензус кој ќе се одрази во законодавниот процес, кој почнува во петокот попадне“, додал функционерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП