21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија објави листа со пасивни сметки

Швајцарија објави листа со пасивни сметки

svic banka ee

Швајцарија за прв пат објави листа со пасивни сметки, за да им даде шанса на нивните сопственици да ги побараат средствата.

Листата, објавена на сајтот www.dormantaccounts.ch, содржи имиња на поединци и компании кои не извршиле никакво движење на сметките во последните 60 години. Во неа има над 2.500 имиња, соопштија од Швајцарската банкарска асоцијација.

Вкупната вредност на средствата на овие сметки е 44 милиони швајцарски франци или 41 милиони евра. Во прилогот се и 80 сефови, за кои исто така се објавени податоци.

Претендентите за сопственост ќе имаат една година да изјават дека ги поседуваат тие средства или да докажат дека се наследници. Ако тоа не се случи тие ќе бидат предадени на швајцарската држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП