17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТвининг проект за подобрување на административните услуги за граѓаните

Твининг проект за подобрување на административните услуги за граѓаните

mioa ministerka

Твининг проектот „Поддршка на реформите во државната служба и јавната администрација“, ќе помогне за подобрувањето на квалитетот на административните услуги, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.

Според Арсовска-Томовска, целта на овој проект беше да се развие механизам за поврзување на сите постоечки и идни процеси, системи и информации во јавната администрација во Република Македонија, како и да се дадат препораки за идниот Регистар на население.

„Се работи за навистина успешен проект на Министерството за информатичко општество и администрација спроведен во партнерство со австриската Агенција за економска соработка и развој. Проектот претставува сериозен придонес кон понатамошното подобрување на квалитетот на административните услуги за граѓаните и за бизнисите, како и кон развивањето на алатките за е-влада”, рече Арсовска Томовска, упатувајќи благодарност и до Европската унија, која преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) го финансираше проектот во времетраење од 12 месеци.

Проектот се базира на две главни компоненти: Компендиум за интероперабилност и препораки за идниот Регистар на население.

„Доколку квалитетот на податоците е добар и квалитетен, регистарот на население би можел во иднина дури и да го замени пописот, каков што е случајот со неколку европски земји. Регистрите на население имаат уникатен карактер од земја до земја и со тоа даваат основа не само за ефикасно обезбедување на услугите од јавниот сектор, туку и за подготовка на избирачки списоци, попис и демографска статистика”,  рече Арсовска Томовска.

Во практичната имплементација на овој твининг проект, освен австриски експерти и вработени во МИОА кои остварија видливи резултати во меѓусебната соработка, активно вклучени беа и претставници на министерствата, агенциите и други јавни институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП