ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка ќе воведе евро кога Грција ќе излезе од еврозоната

Чешка ќе воведе евро кога Грција ќе излезе од еврозоната

mils

Претседателот на Чешка, Милош Земан соопшти дека неговата држава ќе го воведе еврото ден откако Грција ќе излезе од еврозоната.

За Земан единствена моментна мана на еврото е тоа што Чесите би морале да плаќаат грчки долгови.

„Мојот единствен страв кога станува збор за воведување на еврото во сегашен облик е тоа што чешките даночни обврзници ќе ги плаќаат грчките долгови. Бев многу разочаран со исходот од преговорите кои се движеа кон таканаречен грексит, односно напуштање на Грција од еврозоната , но на крај Грција сепак остана во еврозоната“, рече Земан.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП